Господин Попоски: Дајте го потписот за мене и да одам на дуел со Бујар Османи | ВИДЕО
Претседателскиот кандидат Господин Попоски кој досега има собрани само 40 од потребните 10.000 потписи преку социјалната мрежа Фејсбук бара поддршка од граѓаните за да успее и официјално да се кандидира на претстојните избори.
- Давам апел до народот да излезат масовно да се потпишат, да собереме 100 потписи и да одиме во дуел со Бујар Османи. Како што ги собра Бујар Османи така треба македонскиот народ да го поддржи Господин Попоски да оди во трка со Бујар Османи, да излезе на дуел и да ја каже програмата за следните претседателски избори, вели Господин Попоски.
Тој е еден од единаестмината кандидати кои во моментот собираат потписи за официјална кандидатура. Помалку од него има само професорот Томе Николоски кој досега нема ниту еден потпис.
Ново на Сител
-
Почнува зимското сметање на времето, стрелките од часовникот се поместуваат еден час назад
-
Израел нападна ирански воени локации
-
Денеска се празнува Преподобна Параскева (Петка)
-
Лисица во потрага по храна сред Сараево
-
ПСЖ одбива да му плати на Мбапе 55 милиони евра
-
МЗТ Скопје и Куманово го отвораат четвртото кошаркарско коло
-
Меси заработува повеќе од сите фудбалери заедно во 22 екипи во МЛС
-
Студено и ведро утро, преку ден сончево со мала локална облачност