Гори Атина, трета ноќ судири меѓу анархисти и полиција
Самопрогласените анархисти синоќа трета ноќ по ред се судрија со полицијата во пошироката област на Егзархија, по одлуката на судот со која ја отфрли жалбата за ослободување на нивниот член кој е затворен под обвинение за тероризам.
Синоќешниот инцидент се случи непосредно пред 22 часот кога група млади маскирани лица фрлале молотови коктели врз полициска единица распоредена во областа. Околу еден час подоцна група демонстранти нападнале и полициска единица за справување со немири.
Полицијата потоа уапсила три лица кои подоцна биле ослободени без обвинение.
Во друг инцидент, група маскирани млади луѓе ја вандализираа фасадата на зградата во која се наоѓа градското собрание на Зографу и расфрлаа летоци во знак на протест поради неодамнешната смрт на санитарниот работник.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново