-->
-->
Гореше депонијата во Македонска Каменица - пожарот локализиран
-->
Депонијата во Македонска Каменица синоќа повторно гореше. И овој пат брзата интервенција на Територијалната против пожарна единица спречи ширење на огнот, што според одговорните лица во противпожарната единица, е предизвикан со намера.
-Во гаснењето на пожарот со крупна механизација учествуваше и екипа на Јавното претпријатие „Камена Река“ при што тој синоќа беше локализиран. Екипите на ТППЕ и ЈП „Камена Река“ се на терен се до целосно гасење на пожарот, информираат од ТППЕ од Македонска Каменица.
Додаде дека ова е четврти пожар за неполн месец на депонијата во Македонска Каменица, што не било случај досега.
Од ТППЕ во неколку наврати апелираа да се прекине со недозволени дејствија на градската депонија, а и овој пат случајот е пријавен до надлежните, од каде очекуваат сторителите конечно ќе бидат санкционирани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
