Гордан Грлиќ-Радман: Македонија и Албанија заслужија датум за преговори
Очекуваме Македонија и Албанија да добијат датум за преговори, бидејќи впрочем тие две земји и го заслжија тоа, изјави денеска хрватскиот министер за надворешни и европски рабори Гордан Грлиќ-Радман, пред почетокот на Конференцијата во Солун посветена на европските перпесктиви на земјите од Западен Балкан.
Грлиќ-Радман, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека во Унијата има позитивна клима за прием на Северна Макаедонија и Албанија, што, спред него, би бил логичен ред на настаните.
Тој потенцира дека оваа Конференција е добар вовед за Самитот ЕУ – Западен Балкан што треба да се одржи во Загреб во мај и ги одразува хрватските приоритети и заложби за интеграција на западнобалканските земји во Унијата.
Според шефот на хрватската дипломатија, европската перспектива е достажна за сите земји од Западен Балкан и Хрватска ќе работи на нивната иднина во ЕУ.
Околу можноста за блокади од некои земји челенки на пристапниот процес, Грлиќ-Радман нагласи дека Европксата унија е семејство и мора да се почитува сечие мислење. Сепак, според него, мора да се земе предвид интересот на ЕУ во услови на новата геополитика клима, па затоа Унијата има безбедносен интерес Западен Балкан да биде дел од блокот.
Ново на Сител
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција