-->
-->
Голема полициска акција во Грчец, приведен познат нарко дилер | ФОТО
-->
Денеска (29.08.2023) околу 11.40 часот полициски службеници од Оперативен Тим и ОКР Ѓорче Петров при СВР Скопје во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во с.Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од с.Грчец, баран со меѓународна потерница по наредба на ОЈО за ГОКК, а во врска со член 215 од КЗ на РСМ со определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Муареми, кој бил со четирицикл, се обидел да избега и притоа удрил во службено возило на МВР, но набргу бил совладан од полициски службеници и лишен од слобода. При тоа, кај него е пронајден и одземен пиштол „валтер“ и рамка со 15 куршуми. И.М. ќе биде предаден на надлежното обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судовите оценети со тројка
-
Определен притвор за битолскиот хирург осомничен за мито
-
Министерката Јаневска доби најмногу прашања на седница
-
СДСМ и Левица со заедничка иницијатива – проблемот со загадувањето се сели во Собрание
-
Депонии покрај Треска – секој фрла ѓубре каде ќе му текне: Како до решение?
-
Бојкотот на маркетите – аларм за трговците и власта
-
Советниците на Град Скопје пак не дозволија да се набават нови автобуси за ЈСП
-
Грипот во пораст – Комисијата за заразни болести ја следи состојбата