Голема победа: Во Грција се враќаат македонските имиња на селата
Нашинците во Грција чекор по чекор добиваат голема битка и ги враќаат македонските имиња на градовите и на селата. Од пред неколку дена во селото Полипотамо стои стариот назив Неред. Табла со македонското име осамна пред влезот на селото, што за Македонците кои живеат во Грција е голем потстрек за да се изборат за сите права како етничко малцинство, пишува Телеграф.
Неред, односно Полипотамо по грчки, се наоѓа во регионот на Лерин и важи за едно од најбунтовните и најмакедонските села во северниот дел на Грција. Најголемата прослава во ова село се случува на 17 август на прославата на празникот Богородица. Пред неколку месеци и славното село Баница си го врати своето име наместо Веви, а пак на таблите кон Македонија наместо Манастири стои Битола.
Политиката на преименување од македонски во грчки имиња во северна Грција почнала во 1918 и траела се до 1925 година, кога биле прекрстени 800 села и градови.
Со преименувањето Лерин станал Флорина, Солун – Тесалоники, Воден – Едеса, селото Овчарани по ново се вика Мелити. Грчки имиња добиле и родното село на Крсте Петков-Мисирков, Постол, кое било преименувано во Пела, Баница во Веви, Сботко во Аридеа, Кутлеш во Вергина, Сеово во Идомени итн.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите