Голема антитерористичка акција на полицијата во Истанбул
Истанбулската полиција рано изутринава спроведе голема антитерористичка операција во градот против екстремно левичарски групи, еден ден по инцидентот пред канцеларијата на премиерот.
Повеќе осомничени лица се уапсени во полициските рации во квартовите Сариер и Балталимани, кои се наоѓаат во европскиот дел на Истанбул.
Акцијата е спроведена против Револуционерната партија-Фронт за ослободување на народот, тајна радикална група која синоќа презеде одговорност за нападот врз полициски пункт пред влезот на палатата Долмабахче во Истанбул, каде се наоѓа и канцеларијата на премиерот Ахмет Давутоглу.
Двајца напаѓачи фрлиле експлозивна направа, откако стрелале со автоматски пушки кон полицајците.
Тие се уапсени додека бегале кон зградата на германскиот Конзулат, јавија турските медиуми.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид