Голем пожар на границата со Грција, експлодираа четири гранати од Првата светска војна
Голем пожар избувна денеска околку на отворено на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, каде поминува линијата од фронтот од Првата светска војна и во којшто досега експлодираа најмалку четири гранати од Прва светска војна, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.
-Денеска околу пладне изби голем пожар помеѓу Богданци и Дојран. Пожарот се наожа во атарот на селото Селемли но поминува преку линијата од фронтот од Првата светска војна, линија на којашто има многу заостанати минско експлозивни неексплодирани средства. Во текот на овие два часа колку што е пожарот активен слушнати се најмалку четири силни експлозии. Ваквите експлозии го усложнуваат гаснењето на пожарот бидејќи не е безбедно пожарникарите да се приближат до него, рече Ангелов, кој веќе е на пат кон локацијата каде што се наоѓа пожарот.
Пожарот, како што информира тој, е изгласнат само на еден крак каде што беше безбедно пожарникарите да пријдат, а останатиот опожарен дел се гаси со Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување којшто користат вода со посебна пена со поголем ефект.
-Двата ер трактори на ДЗС веќе се активни. Исфрлија по неколку тури вода. Ќе продолжат да дејствуваат се додека пожарот целосно не го изгаснат. Пожарот меѓу другото се движи и кон грчка територија и според сегашните информации на едно место веќе е префрлен на грчка територија, информира Ангелов.
Директорот на ЦУК соопшти дека од тие причини преку системот 112 уште пред да се префрли пожарот на грчка територија тамошните служби се известени за да се подготват.
Пожарот, според информациите на МИА, е во планинскиот дел кон Грција.
Ново на Сител
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување
-
Уставен ќе добие мислење од Венецијанска за Закон за јазици - Одлуката најдоцна до мај
-
Бизнисот го чека унгарскиот кредит, банките условите
-
Со правосилни пресуди до ефикасна борба со криминалот и корупцијата
-
Шест месеци нова Влада
-
Заврши стручниот надзор на Детска за починатото седуммесечно бебе – Таравари не сака да избрзува со заклучоци