Македонија
10. May 2017 - 12:23

Голем конвој на КФОР утрово влезе во Македонија

Голем конвој на КФОР утрово влегол во Македонија на граничниот премин Блаце, јавува ИНА. Според информациите на агенцијата, станува збор за италијански трупи кои од преминот меѓу Македонија и Косово влегле во земјава. 

Се уште нема информации со каква цел се влезени странските војници на македонска територија.