Loading Video...
Кошарка
11. јуни 2022 - 17:44

Голден Стејт го израмни резултатот на 2-2 во финалето против Бостон

 
 
 
Екипата на Голден Стејт го доби четвртиот дуел против Бостон во големото финале на НБА плајофот.  
 
„Воините“  на гостински терен во Бостин ги совладаа „Селтикси“ со 107-97 и го израмнија резултатот на 2-2  во победи во финалната серија што се игра до четири добиени натпревари.
 
Стеф Кари беше нерешива енигма за домаќините, а средбата ја заврши со дабл-дабл ефект со 43 поени и 10 скокови.
 
Во домашниот тим Тејтум имаше двоен ефект со 23 поени и 11 скокови, додека Браун реализира два помалку (21), а снарт придодаде 18. 
 
Следниот натпревар ќе се игра во Сан Франциско во вторник наутро во 3 часот.