Loading Video...
Кошарка
6. јуни 2022 - 15:15

Голден Стејт го израмни резултатот на 1-1 во финалето против Бостон

Екипата на Голден Стејт го доби вториот дуел против Бостон во големото финале на НБА плајофот.  
 
„Воините“ пред своите навивачи во Сан Франциско ги совладаа „Селтикси“ 107-108 и го израмнија резултатот на 1-1  во победи финалната серија што се игра до четири добиени натпревари.
 
По израмнетото прво полувреме кое домашниот тим го доби со само два поени разлика (52-50), клучна беше чтетата четвртина во која Голден Стејт направи разлика од дополнителни 21 поен.
 
Стеф Кари со 29 поени беше најефикасен на мечот, а подтшка доби  од Пул кој постигна 17 поени, додека кај Бостон, најмногу поени 28 постигна Тејтум.
 
Сера серијата се сели во Бостон каде ќе се одиграат два натпревари, а првиот следен на програмата е во четврток наутро во 3 часот.