Македонија
16. February 2021 - 16:43

Годинава речиси да немало заразени со грип

Во сезоната 2020 - 2021 вкупниот број на заболени од сезонски грип изнесувал 539 лица што е помалку за 92,5% споредено со истиот период лани и 94,5% помалку во однос на типичната сезонска крива, соопшти Министерството за здравство.

Најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години, а највисоката инциденца се регистрира кај децата на возраст до 4 години.

Мерките за заштита од Ковид-19 придонесоа за намалување на бројот на заболени пациенти од сезонскиот грип, констатира Министерството за здравство.