Гоце Атанасовски го фати крстот во Македонска Каменица
Деветнаесетгодишниот Гоце Атанасовски, фудбалер во ФК „Саса“ денеска го извади Светиот крст од водите на Каменичка река во Македонска Каменица.
Атанасовски прв пат имаше среќа да го извади крстот од водата и во конкуренција на десеттина млади кои беа најхрабри да влезат во стдената вода, тој беше највешт и најсреќен.
- Посакувам крстот да им донесе среќа и бериќет на сите, па и на мене, рече Атанасовски.
Стотици граѓани од Македонска Каменица присуствуваа на одбележувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление-Водици. Одбележувањето на празникот започна со утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, по што беа осветени водите во Каменичка река и беше фрлен Светиот крст. Традиционално, за најсреќниот учесник, општина Македонска Каменица обезбеди подароци. Оваа година Атанасовски од општина Македонска Каменица доби златник со ликот на св. Јован Крстител.
Ново на Сител
-
Скопје се подготвува за Нова Година
-
Охрид подготвен за Нова Година
-
ЈСП повторно остана без нафта
-
Преглед на вестите од светот
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”