Живот
15. јуни 2017 - 12:55

Го каснала отровна змија, а тој ја гризнал сопругата, причината ќе ве шокира

Еден Индиец го каснала змија, а тој потоа ја гризнал својата сопруга за зглобот за да умрат заедно.

Шанкар Раи спиел кога го каснала отровна змија, а кога се разбудил, сфатил дека неговата состојба нагло се влошува и дека веројатно ќе умре.

-Ми рече дека ме сакал премногу и сака да умреме заедно, па ми ја грабна раката и ми ги зари забите во неа, раскажува неговата сопруга Амири Деви.

-Му дозволив да го направи тоа, додаде таа.

Раи на крајот починал, но неговата жена преживеала откако брзо ја префрлиле во болница.

-Имаше спас за жената, зошто лекувањето почна на време. Таа е надвор од животна опасност, рече докторот.