-->
-->
ГН Монако: Пол позиција за Рикардо
-->
Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Монако. Австралиецот во Монако ја освои својата прва пол позиција во кариерата.
Трката од првиот ред, веднаш до Рикардо, кој оствари време 1:13.622 минути, ќе ја започне лидерот во генералниот пласман, Нико Розберг, додека неговиот тимски колега и актуелен светски првак, Луис Хамилтон, заедно со пилотот на Ферари Себастијан Фетел ќе стартува од вториот ред.
Трката од петтото до десеттото место ќе ја започнат Нико Хулкенберг (Форс Индија), Кими Раиконен (Ферари), Карлос Саинс помладиот (Торо Росо), Серхио Перез (Форс Индија), Данил Квјат (Торо Росо) и Фернандо Алонсо (Мекларен).
Трката за Големата награда на Монако, низ улиците на Монте Карло, ќе се вози в недела од 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Манастирот во Вељуса преполн со верница за празникот Мала Богородица
-
Преглед на вестите од светот
-
Чудотворната икона „Пресвета Богородица Троерачица“ донесена во Скопје
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог
-
Чудотворната икона Пресвета Богородица Троерачица донесена во Скопје
-
Модуларни болници прокиснуваат, скапи апарати со години неотпакувани!
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба