Гласањето на заболените од Ковид-19 и на лицата во самоизолација во Кумановскиот регион се одвива тековно
Во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане без проблеми се одвива гласањето на заболените од Ковид 19 и лицата во самоизолација, потврдија денеска претседателите на општинските изборни комисии.
Претседателот на ОИК-Куманово, Драган Јовановски, соопшти дека право на глас имаат 12 заболени од Ковид 19 и 19 лица во самоизолација. Претседателот на ОИК- Липково, Лирим Јашари информира дека денеска гласаат шест заболени и лица во самоизолација од таа Општина.
– Гласањето на тројцата заболени од Ковид 19 во Старо Нагоричане заврши, соопшти претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Драган Јовановски.
Заменик претседателот на посебниот избирачки одбор, доктор Марјан Денковски изјави дека се се одвива според протоколите кои се одредени од државната изборна комисија заедно со комисијата за здравство.
– Членовите на посебната избирачка комисија за тоа беа обучени, беше реализирана обука, истите ќе бидат заштитени според протоколите, ќе бидат облечени согласно состојбата во која се наоѓаат граѓаните кои треба да го остварат своето гласачко право, знаете дека тие требаше претходно да се јават за да се организира вакво гласање извесен број од нив се јавија и во нашата општина- изјави Денковски.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива