„Глас за Македонија“ бара оставка од министерот за животна средина

Глас за Македонија бара неотповиклива оставка од Министерот за животна средина и просторно планирање, поради неможноста ова министерство да се справи со највисокото можно загадување во повеќе градови во Македонија. Ние како земја, водиме во светски размери по загаденоста на воздухот. Не можеме да се согласиме со препораките да не се излегува на улица и прозорците да бидат затворени. Така беше вчера во Скопје, така е повеќето денови.
Бараме оставки и од градоначалниците на Скопје, Тетово и од сите градови каде загаденоста на воздухот во повеќето денови е далеку над дозволената граница. Се покажа дека не се способни да воведат интервентни и брзи мерки за санирање на овој проблем, поради кој во опасност се доведени илјадници животи и здравјето на граѓаните.
Бараме, наместо лагите дека поголемото загадување доаѓа од затоплувањето на дрва, отворено да кажат колку увозен опасен отпад влегува во земјата, кој непрописно се согорува.
Бараме да ги затворат веднаш и дивите топилници на метали. Последниве ако не знаат каде се, ќе им ги покажеме.
Бараме во најзагадените градови, веднаш да се прекине со градење на згради за домување, кои веќе сега ги има повеќе од потребното, а прашината од градењето дополнително не гуши.
Не е понудено ниту кусо рочно, ниту трајно решение за сообраќајот и огромниот број на коли по улиците.
Прашуваме, дали има некој казнет во државата за ваквата алармантна ситуација?
Министерството за здравство да излезе со точните бројки на ново заболени од канцер, од астма и белодробни заболувања.
Оваа колективна неодговорност на сите оние кои се платени и задолжени за одржување на квалитетна животна средина, мора да прекине. Не е јасно зошто воопшто граѓаните треба да ги плаќаат ваквите неодговорни институции кои не работат во интерес на здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
-

Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
-

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд
-

Опожарена куќа во Бутел, нема повредени
-

Со „мерцедес“ бегал од полиција, удрил во дрво и избегал - во возилото биле пронајдени 12 мигранти
-

Мажите во Македонија во просек умираат на 72.2 години, а жените на 76.6
-

Македонија со рекордна делегација од 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026
