Ѓорѓиевски ветува модерно и урбано Куманово со решавање на повеќедецениските проблеми
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија, секогаш интересите на граѓаните ги става во прв план. Секогаш работа, секогаш Куманово, секогаш Македонија, е онаа по кое ВМРО-ДПМНЕ е препознатливо, изјави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово, Зоран Ѓорѓиевски.
Посочи дека во својата програма има предвидено изградба на комунална инфраструктура на целата територија на Куманово во период од четири години, со што ќе биде опфатена целокупната нереализирана инфраструктура и улици во општина Куманово, додавајќи дека тоа подразбира асфалтирање улици и тротоари, водовод и канализација, улично осветлување. Рече дека со тоа Куманово од највалкан и најнеурбанизиран град ќе стане модерна и урбана средина за пристојно живеење на граѓаните на Куманово.
Вели дека предвидено е и отворање на Технолошко-индустриска зона во непосредна близина на коридорот 10 во Куманово. Според него, едно од главните решенија за локалниот економски развој во Општина Куманово е токму отворањето на ваквата зона, со што главниот проблем на Куманово, а тоа, како што рече, е акутната невработеност со бројка од 19.600 невработени, ќе биде едно од главните решенијата за успешен напредок во градот и значително намалување на невработеноста.
-Изградба на рекреативен парк Студена вода. Изградба на парк во вредност од 500.000 евра, во кој ќе бидат опфатени објекти со културни, спортски и угостителски содржини на површина од 10 хектари, со трим патеки за трчање и рекреација, со патеки за пешачење во локалната шума која се простира на површина од 25 хектари. Паркот ќе опфаќа и патеки за велосипедизам, мултифункционално игралиште и реконструкција и изградба на локалниот пар до локалитетот, со клучка од патот Куманово-Св.Николе во должина од 800 метри, посочи Ѓорѓиевски.
Појасни дека предвидено е изработка на нов развоен ГУП, со сообраќајно решение кое ќе биде во тек со идниот развој на град Куманово и неговата околина.
-Изградба на нови сообраќајни решенија, нови кружни текови и други компатибилни решенија во градот. Проширување на влезот во град Куманво и зголемување на собраќајната сигурност од автопатот (е-75) Александар Велики. Кружен тек на булевар Октомвриска револуција. Кружен тек на вкрстувањето на ул. Доне Божинов. Правење на ново собраќајно решение, односно изработка на нов кружен тек на клучката Октомвриска Револуција, Трета Македонска Ударна Бригада и Бранко Богдански Гуцман, кај месноста (Митев мост), истакна кандидатот за градоначалник на општина Куманово.
Според него, еден од акутните проблеми на младата популација во град Куманово се местата за згрижување на децата од најраната возраст. Затоа, Ѓорѓиевски посочи дека предвидени се изградба на градинки во населбите Карпош, Перо Чичо, 11 Октомври, како и реконструирање и проширување на постоечката во населбата Гоце Делчев.
-Изградба на 3 нови училишни спортски сали во СОУ „Наце Буѓони“, ОУ „Јероним де Рада“ с. Черкезе, СОУ гимназија „Гоце Делчев“. Изградба на 50 мини детски паркови во Општина Куманово. Нов средно училишен центар со дислокација на постојниот сместен во просториите на дирекција ЗИК – Куманово, со тоа на децата од средношколска возраст од албанска националност да им овозможиме побезбедно учење од постојново сега што го имаат. Нова меѓуградска автобуска станица. Изградба на повеќенаменски спортски игралишта во с. Пчиња, с. Режановце, с. Биљановце, нас. Карпош и Агино село. Изградба на нов зелен пазар во населба Гоце Делчев. Формирање на канцеларија за помош на инвеститори. Реконструкција на фасади на објекти во централното градско подрачје, појасни Ѓорѓиевски презентирајќи дел од програмата за ВМРО-ДПМНЕ за општина Куманово.
Тој рече дека граѓаните знаат оти ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и остварува.
-Граѓаните знаат кој работи за нивната доверба, кој работи за нивно добро и кој работи за подобро утре за Куманово. Работата е наша одлика. Секогаш работа, секогаш Куманово, секогаш Македонија! Нашето мото е „Бидете дел од новата ера“, заокружите број 13 за подобро утре, за подобро Куманово, потенцира Ѓорѓиевски.
Ново на Сител
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања
-
Експерти: ЕУ не може да гарантира дека ќе запрат бугарските барања, потребна е волја за дијалог
-
Мицотакис од Њујорк: Добрососедски односи и почитување меѓународни договори за влез во ЕУ