Фудбал
16. јуни 2017 - 18:57

Ѓоко Зајков и Елиф Елмас: Сите сме 100-отсто мотивирани

 
 
 Ѓоко Зајков и Елиф Елмас членовите на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година уверуваат дека сите членови на селекцијата се максимално мотивирани и подготвени да дадат се од себе на дебито на Европскиот шампионат во Полска. 
 
-Шпанија е една од најквалитетните репрезентации, индивидуално се одлични, но ние сме 100 отсто мотивирани и го чекаме денот на натпреварот. Кај фудбалерите гледам насмевка на лицата, а тоа е само по себе е позитивно. Знаеме дека мораме да држиме високо ниво на игра во текот на целиот натпревар и да бидеме дисциплинирани. Ова е прв натпревар за нас на Европско првенство, но во изминатите две години одигравме доволно силни дуели и мислам дека нема да биде претешко да го надминеме притисокот кој го носи овој тип натпревари, вели еден од капитените во селекцијата Ѓоко Зајков.
 
-Сите заедно, како вистински тим треба одново да покажеме дека можеме да се носиме и надигруваме со најдобрите репрезентации. Ќе ни треба и малку среќа, сепак ова е прво наше големо натпреварување. Излегуваме да се соочиме со Шпанија, а тоа е предизвик, одговорност, но и уживање. Позитивниот притисок ќе биде присутен, но се надевам дека брзо ќе се опуштиме, вели младиот Елмас.
 
Избраниците на селекторот Благоја Милевски на во сабота (17 јуни) на стадионот во Гдиња против младите Шпанци, ќе го имаат своето деби и тоа во рамките од Б групата во која за противници ќе ги имаат врсниците од Србија и Португалија