Гир: Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, граѓаните очекуваат резултати
Државните институции мора заеднички да работат да го намалат обемот на корупција, да воведат закони и правила на однесување и санкции за коруптивно однесување, но и треба да ги спроведуваат и извршуваат овие мерки. Борбата против корупцијата подразбира и градење негативна средина за сите коруптивни навики преку засилување на клучните системи за интегритет, јавните набавки и управување со јавни финансии, како и градење државни ревизорски институции и антикорупциски тела и партнерства со граѓанското општество, компаниите и слободните и независни медиуми.
Ова го порача евроамбасадорот Дејвид Гир, на отворањето на Регионалната конференција за борба против корупцијата, што се одржува денеска во Скопје во рамки на соработката со Регионалната антикорупциска иницијатива и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.
Според Гир убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, додека граѓаните очекуваат резултати, нагласувајќи дека денешната конференција ја става корупцијата во поширок регионален контекст и кажува дека е заеднички предизвик што најдобро може да се решава преку соработка и размена на добри практики.
– ЕУ, заедно со земјите членки, ОН и другите меѓународни партнери ќе ги поддржат нашите партнери од Западен Балкан во нивните напори за подобрување на демократијата, јавната доверба во институциите и да се направи еднакво поле за натпревар, конкурентност и еднакви можности за сите, изјави Гир.
Борбата против корупција и за промоција на владеење на право е тешка, подвлече Гир, бидејќи вклучува отстранување на елити и воспоставени интереси кои што функционираат на ниво на криминал и корупција, но и се потпира на менување на навиките на луѓето, граѓанското општество и медиумите.
– Сите истражувања укажуваат на уништувачкиот ефект на корупцијата врз образовните и работните можности и тоа се клучните фактори кои што ги бркаат младите од државата, изјави Гир.
Корупцијата, посочи Гир е предизвик во секоја држава и напорите против корупцијата треба секогаш да се обновуваат и прилагодуваат на новите можности и предизвици со кои се соочуваат нашите општества, било тоа да се дигитализацијата, глобалната пандемија, енергетската криза или влијанието на руската војна против Украина.
Според ЕК трошокот од корупцијата врз економската економија е 20 милијарди евра годишно и борбата против корупцијата, заедно со владеењето на правото се клучните принципи на Унијата.
– Скорешните настани во срцето на ЕУ, во Европскиот парламент покажаа многу сликовито со какви проблеми се соочуваме и ние во ЕУ. Одговорот на таквите ситуации се базира на ефикасноста и брзината на правосудниот систем да се справи со тие наводи и институциите да одговорат и ги решат сите слабости кои што овозможиле да се случи тоа, изјави Гир.
Пристапниот процес, според Гир, е огромна можност за предводење на промените во градење на поотворено и поотчетно општество. Сега е моментот, порача Гир на медиумите и граѓанското општество, да бидете најмногу ангажирани. – Сега имате можност за промени и ние сме тука да ве поддржиме сите, порача евроамбасадорот Гир.
Ново на Сител
-

Бројот на превезени патници со автобус намален за 8.5 проценти, во меѓународниот превоз за 53.3 проценти
-

Груби на распит во Обвинителството
-

Претрес во Битола, пронајдена дрога, поднесена кривична пријава против едно лице
-

МНР апелира до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата поради тамошните немири
-

За една недела констатирани 4910 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за брзо возење 4.691
-

Осум возила учествувале во сообраќајка на автопатот Штип-Скопје
-

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
-

Ладна ве носи во Дизниленд, Париз: Започна детскиот ликовен конкурс на тема „Мојот необичен сон“
