Loading Video...
Спорт плус
16. јуни 2022 - 2:44

Гинисов рекорд на чилеанската пливачка Барбара Ернандез

Чилеанската пливачка Барбара Ернандез, постави нов Гинисов рекорд откако исплива една  наутичка милја или 5,5 км, кај Кејп Хорн, во јужниот дел на Чиле, односно делница која ги поврзува Тихиот и Атлантскиот Океан. 
 
Пливајќи во време од од 15 минути и 3 секунди во студените води каде температа била меѓу 5 и 7 целзиусови степени, 36-годишната Ернандез која е псхолог, уште еднаш потврди дека не случајно го заслужи епитетот „Ледената сирена“. 
 
- Имаше многу убави емоции затоа што да станам пливач беше мојот сон уште од моето девојче. И дедо ми е во оваа приказна бидејќи почина веднаш откако го завршив ова пливање, вели Ернандез. 
 
Нејзиниот подвиг е дотолку поголем што на таа делница досега нема пливано ниту една жена или маж.