Германското разузнавање шпионирало членови на влади на земјите од ЕУ и НАТО
Двоцифрен, но не многу голем број на странски претставници биле шпионирани до октомври 2013 година, вклучувајќи државни и владини раководители, министри и членови на нивните кабинети, исто така и претставници на воени институции, се наведува во извештајот на парламентарна комисија за новите детали за шпионските активности на германското надворешно разузнавање, јави ДПА.
Шпионската активност, извршувана од Федералното разузнавачко биро на Германија (БНД) била фокусирана на дипломатски претставници на државите членки на ЕУ и НАТО во целиот свет, тие биле над две третини од сите 3.300 цели.
БНД шпионирал двоцифрен број на канцеларии на невладини организации и економски институции.
Како пример се посочува авијациската и вселенската индустрија, трговијата со оружје, сообраќајот, медиумите и консултантските услуги.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување
-
Аерозагадувањето треба да се следи и во лето
-
ЈП „Исар“ – Штип во првите 6 месеци од годината со загуба од 4,8 милиони денари