Германските наставници бараат „Мојата борба“ од Хитлер да се изучува во училиштата
Асоцијацијата на германски наставници смета дека новото издание на книгата на Адолф Хитлер, „Мојата борба“, треба да биде изучувана во средните училиште, сметајќи дека со тоа учениците ќе станат отпорни на политички екстремизам.
Книгата на Хитлер, за која правата ги имаше покраината Баварија, ќе биде издадена, првпат по Втората светска војна, следниот месец, но не во оригиналното издание туку со низа дополнувања. Оригиналната книга има 600, а новото издание, во кое ќе бидат ставени објаснувања за штетните пораки на Хитлер, ќе има 1.200 страници. Новата верзија ќе ја издава Институтот за модерна историја во Михнен и се нарекува „Критичко издание“, а ќе содржи околу 3.500 објаснувања.
Објавување на старото издание на книгата без соодветни објаснувања се уште се смета за кривично дело.
Според асоцијацијата на наставници, одредени делови од книгата треба да бидат изучувани од 16-годишни и постари ученици, пренесува весникот„ Ханделсблат“.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа