Македонија
4. May 2016 - 19:14

Германскиот амабасадор во Виена - специјален пратеник за Македонија

Германското министерство за надворешни работи денеска назначило нов специјален пратеник за Македонија. Во објавата на Министерството се вели дека министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер го именувал Јоханес Хајндл за нов пратеник којшто ќе работи заедно со Европската Унија и САД и ќе помага при решавање на кризата во Македонија. 
 
Пред назначувањето на Хајндл, за специјален претставник на Германија за Македонија, Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА  беше дипломатот од кариера Ернст Рајхел кој минатиот месец беше назначен за амбасадор на Сојузна Република Германија во Украина. 
 
Во објавата на германското МНР се вели дека  Хајндл  е назначен за пратеник само за Македонија без да се споменуваат Турција, Југоистична Европа и земјите на ЕФТА. 
 
Хајндл е актуелен германски амбасадор во Австрија. Тој пред 14 години работел како шеф на одделот за Југоисточна Европа и Турција во германското МНР.