Германската полиција уапси четири лица осомничени за групно силување
Маж на 21 година и тројца малолетни момчиња беа уапсени под сомнение дека силувале две девојки во западниот германски град Вајл ам Рајн, соопшти денеска полицијата и обвинителството, јави ДПА.
Жртвите и 21 годишниот осомничен меѓусебе се познавале. Девојките се сретнале со него на Нова година и заминале со него во неговиот стан, каде најпрво доброволно учествувале во сексуални игри. Но потоа 21 годишниот осомничен, неговиот 15-годишен брат и уште две 14-годишни момчиња неколку пати ги силувале девојките.
Според полицијата четворицата осомничени се Сиријци, иако не е познато дали во моментот тие се бегалци кои бараат азил или во Германија престојуваат подолго време.
Нема информации дека случајот е поврзан со масовните сексуални напади во Келн на новогодишната ноќ.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија