Германија: Потрага по изнудувач кој бара пари за да не ја затруе храната

Германската полиција го идентификуваше изнудувачот, кој се закани дека ќе затруе прехранбени производи по продавниците, ако трговските синџири не му платат откуп од 10 милиони евра, соопшти претставник на полицијата.
- Кога ги прегледавме снимките од камерите за надзор, го утврдивме идентитетот на осомничениот, изјави портпаролот на полицијата.
Отров е откриен во пет тегли бебешка храна во продавници во Фридрихсхафен, во провинцијата Баден-Виртемберг. Користен е етиленгликол, кој се користи за антифриз и во течноста за сопирачките, и во одредена концентрација може да предизвика смрт.
Изнудувачот го ставил отровот во храната за бебиња за да докаже дека е сериозен во својата намера и на 16 септември соопшти каде може да биде пронајден. Во електронската порака испратена до повеќе супермаркети, тој се заканил дека ќе затруе дваесетина производи.
Во пораката, изнудвачот изјавил дека цел му се „националните и меѓународните ограноци на германски фирми за прехранбени производи и козметика“.
Изнудувачот го испратил електронското писмо со своите барања за откуп до организација за заштита на потрошувачите и до голем број трговски фирми.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
