Германија надмина 100.000 смртни случаи од Ковид-19
Германија ја надмина бројката од 100.000 смртни случаи од Ковид-19 и објави рекордно високо ниво во бројот на новозаразени и бројки за инциденца од седум дена.
Бројките од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ) објавени рано утрово покажуваат дека од почетокот на пандемијата во земјата починале 100.119 луѓе од или со Ковид-19.
Бројот на регистрирани новозаразени во еден ден, исто така, за првпат помина 70.000, при што здравствените власти пријавија 75.961 случај за 24 часа. Ова се споредува со 65.371 нови инфекции една недела порано.
Последната седумдневна инциденца е 419,7 – уште еден рекорд од почетокот на пандемијата. Еден ден претходно беше 404,5, а една недела претходно беше 336,9. Бројката означува заразени на 100.000 луѓе во последната недела.
Во последното деноноќие регистрирани се 351 нови смртни случаи, во споредба со 264 една недела порано.
Институтот регистрира 5.573.756 заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Се смета дека вистинската бројка е многу поголема, бидејќи многу случаи остануваат неоткриени.
Бројот на оздравени од коронавирус во Германија сега достигна 4.744.400 луѓе.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево