Германија лани станала трет најголем извозник на оружје во светот
Германија стана трет најголем извозник на оружје во светот во 2015 година, а пред неа се само САД и Русија, се наведува во годишниот извештај за одбранбената индустрија на британската компанија „Ај-Ејч-Ес Џејнс“ (IHC Jane’s), јави ДПА.
Германија се искачила од петто на трето место во 2015 година, со што ги надмина Франција и Велика Британија, со извоз на оружје во вредност од малку под 4,8 милијарди долари.
САД и Русија остануваат на челните позиции според изворот на оружје со вредност од околу 23 милијарди долари и 7,4 милијарди долари, се вели во извештајот за глобална трговија во одбранбениот сектор, кој ги истражува тенденциите во индустриите за одбрана во 65 земји.
Речиси една третина од германскиот извоз на оружје е насочена кон Блискиот Исток и Северна Африка, а според земји главни увозници на германско оружје се Саудиска Арабија, Алжир, Египет и Катар.
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата