-->
-->
Германија ја одбележува 25-годишнина од обединувањето
-->
Највлијателната членка на Европската Унија денеска го одбележува денот на кој пред 25 години се обединија Западна и Источна Германија.
Германија се обедини на 3 Октомври 1990 година откако речиси една година порано комунистичката власт во Источна Германија под притисок на масовни демонстрации дозволи минување на граѓаните преку таканаречениот Берлински Ѕид.
Со спроведените уставни и законски реформи преземени од властите во двете Германии на денешен ден пред 25 години Германија стана една држава.
Според германската канцеларка Меркел која е родена во источниот дел од Германија работите по обединувањето се движат во добар правец. И сегашниот претседател на Германија поранешниот свештеник и продемократски активист Јоаким Гаук кој доаѓа од Источна Германија смета дека со обединувањето на двете Германии е корисно и за германските граѓани но и за цела Европа.
Изборот на Меркел и Гаук како источни Германци за водечки луѓе во државата покажува дека Германија ги надминала најголемиот дел од разликите што постоеле како резултат на различното доживување на демократијата во поделената земја. Дел од разликите сепак сеуште постојат. Покрај поголемото ниво на екстремен десничарски активизам и ксенофобија на истокот од земјата разлика има и во бројто на невработените.
И покрај речиси 2 билијарди евра потрошени за подобрување на економската состојба на истокот во овој дел од земјата невработеноста е речиси 9 % додека во западниот дел овој процент е 5,6 %. Податокот дека во 2013 година имало повеќе Германци кои што се преселиле на истокот отколку на западот од земјата покажува дека разликите сепак се многу помали од тие што постоеле пред обединувањето и веднаш по него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство