Германија ги продолжи ограничувањата поради пандемијата до 10 јануари
Германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на федералните држави одлучија до јануари да ги продолжат ограничувањата воведени поради пандемијата на Ковид-19.
Меркел рече дека Германија е сè уште многу далеку од својата цел, а тоа е бројот на заразени на 100.000 жители да го намали на 50.
Во Германија во моментов во сила е забрана за работа на ресторани, кафулиња и спортски сали, како и ограничувања на личните контакти. Овие мерки ќе важат до 10 јануари, иако е договорено некои ограничувања да бидат ублажени за време на Божиќ.
Германската канцеларка исто така изрази доверба во постапката за проценка на вакцините со цел издавање на одобрение за ставање во промет спроведена од Европската агенција за лекови.
Агенцијата соопшти дека ќе се состане на 29 декември за да го разгледа барањето поднесено од компаниите Фајзер и Бионтек, чија вакцина вчера доби дозвола за употреба во Велика Британија.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција