Германија бара поцврст став на ЕУ кон Кина
Германија, која во јули го презема шестмесечното претседателство со Европската унија, најави дека ќе се залага за поцврст став на ЕУ кон Кина и ќе бара реципроцитет во односите со таа земја, потенцирајќи ги и вредностите на ЕУ.
Во новиот нацрт-план на германското претседателство на ЕУ, во кој имал увид Ројтерс, се изразува желба да се развие соработка со Кина, како и да се работи на поголем реципроцитет во сите области опфатени со планот, пренесува Танјуг.
Спомнувањето на реципроцитет е резултат на поплаки од германски компании кои тврдат дека немаат пристап до кинескиот пазар во иста мерка како што им е дозволено на кинеските компании да работат на германскиот пазар.
„Политиката на сите институции и земји членки на ЕУ кон Кина треба да биде унифицирана, урамнотежена и ориентирана кон долгорочните заеднички интереси и вредности на ЕУ“, се наведува во планот напишан на 24 страници.
Зборот „вредност“ не постоел во претходната верзија на планот, подготвен во март, а неговото вклучување во новиот документ потенцијално сугерира посилен акцент на теми како демократија, човекови права и автономија на Хонг Конг, коментираат европски медиуми.
Ново на Сител
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев
-
Малчев од Бугарија: Над 500 граѓани донираа крв за настраданите, наместо ракија - салата патриотизам да градиме мостови
-
Таткото на Вања до Велибор Манев: Зошто ми го убивте детето?
-
Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Ќе се утврдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик
-
Криеле 1,5 килограми амфетамин под хауба на „голф“, уапсени две лица од Скопје | ФОТО
-
Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата