ГЕРБ со иницијатива за гласање недоверба на владата на Кирил Петков
Заменикот-претседател на ГЕРБ, Томислав Дончев, на денешната прес-конференција соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето во 47. Народно собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика. Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко, додаде тој.
Според бугарскиот устав, за гласање недоверба се потребни потписи од најмалку една петтина од пратениците – 48. ГЕРБ чија пратеничка група има 59 места нема да има проблем да ги обезбеди, но за изгласување недоверба потребни се 121 глас од вкупно 240 пратеници, што значи дека партијата на Бојко Борисов ќе треба да обезбеди уште 62 гласа. За тоа ќе бидат потребни гласовите на сите пратенички групи надвор од владејачката коалиција – 34 од Движењето за права и слободи, 20 од „Има таков народ“ 13 од „Преродба“, со што четирите опозициски групи ќе имаат вкупно 126 гласа во бугарскиот парламент.
Ново на Сител
-
Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола
-
Путин: Руската економија „стабилна“ и покрај „загрижувачката“ инфлација
-
Зеленски: САД и ЕУ само заедно можат да ја спасат Украина
-
Фатени двајца бегалци од затвор