Герасимовски: Ново осветлување, поголема хигиена и сообраќајни столпчиња кај полициската станица Пролет
Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар вечерва оствари средба со граѓаните од зградите околу Црвениот крст. На средбата на која присуствуваа претставници од ЈП ПОЦ и општинските служби како и овластен општински градежен инспектор се разговараше за инфраструктурата, зеленилото, хигиената, паркинзите и детските игралишта.
„Директните средби со граѓаните се најдобриот начин да се изнајдат решенија за проблемите со кои се соочуваат. Токму затоа вечерва отворено зборувавме за потребите и можностите за нивно побрзо решение. Граѓаните околу Црвениот Крст вечерва ми посочија дека имаат потреба од резидентни паркинг места, поголема хигиена и зеленило, ново осветлување и непречен пристап до станбените објекти. Им ветив дека овие потреби ќе се разгледаат за што закажавме уште една средба“, изјави Герасимовски.
Граѓаните од Герасимовски побараа и поставување на столпчиња кај полициската станица „Пролет“ за регулирање и намалување на сообраќајниот метеж.
Герасимовски секоја недела остварува директни средби со граѓаните од Општина Центар со цел да се изнајдат подобри решенија кои во целост ќе ги задоволат потребите на граѓаните.
Тој вети учество на граѓаните во новите проекти на општината и го исполнува тоа. Општина Центар ќе се гради согласно потребите на своите жители.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко