Гази Баба бара доброволци за расчистување на последиците од невремето
Општина Гази Баба апелира до сите граѓани на Република Македонија, кои имаат желба, волја, време и простор, да се вклучат како доброволци во акциите за справување со последиците од обилните врнежи и катастрофалното невреме што ја зафати оваа локална самоуправа.
Граѓаните кои сакаат да се вклучат во акциите за чистење на теренот, може да се пријават во општината Гази Баба на телефонскиот број 02/322-6655. Можат и во три временски интервали, во 10, 13 и 17 часот да дојдат во просториите на општината, на улица „Архимедова“ бр.2, од каде организирано ќе бидат однесени до населените места каде се спроведуваат акциите.
Пожелно е граѓаните кои ќе се вклучат во акциите, доколку се во можност, да понесат со себе и определен соодветен алат, кој ќе им помогне во работата.
- Граѓани на Скопје и на Македонија, повеќе од добредојдени сте да помогнете да се справиме со заеднички сили со оваа природна непогода, порачуваат од општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос
-
Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан и Стефана годинешните зет и невеста
-
Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ