Гасификација на средните училишта „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“

Во скопските средни училишта „Арсени Јовков“ и „Зеф Љуш Марку“ каде учат околу 4.400 ученици денеска беа пуштени во употреба новите котли на гас, кои ќе овозможат заштеда од 50 проценти на средствата кои досега се трошеле за греење. За реализација на двата проекта се потрошени 15 милиони денари, а според пресметките, се очекува повраток на инвестицијата за околу четири години.
Системите за греење на почетокот од грејната сезона ги пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски заедно со директорите на СУГС „Арсени Јовков“, Јованка Аспровска и на „Зеф Љуш Марку“ Фарук Зекири. Трајановски информира дека досега гасификација е спроведена во две средни училишта - „Здравко Цветковски“ и „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за гасификација на уште седум средни училишта.
- Изработката на проектите ќе заврши до средината на следниот месец, кога ќе се распише тендер за гасификација на СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на: СУГС „ Марија Кири – Склодовска“,„ Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“ и на другите средни училишта коишто локациски се поблизу до постојната транспортна мрежа со гас, истакна Трајановски.
Со реализација на овој проект Град Скопје ќе придонесе за подобрување на еколошката состојба на градот, затоа што ќе се замени користењето на течното гориво (масло за домаќинства, мазут) со природен гас.
Ново на Сител
-

Врнежите ја пролонгираа есенската сеидба
-

Со растечката примена на вештачката интелигенција мора да постои регулатива
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
