Гардијан: Фон дер Лајен повторно ќе се кандидира за претседателка на ЕК
Урсула фон дер Лајен денеска на состанокот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) во Берлин ќе соопшти дека планира да се кандидира за втор мандат како претседател на Европската комисија, пишува Гардијан.
Шефицата на најмоќната институција во Брисел изминатава година не сакаше да го коментира ова прашање, но се чини дека сега донела одлука.
Сепак, објавувањето на нејзината кандидатура за следните пет години ќе биде само првиот чекор во изборната битка, а се шпекулира дека за претседателската функција би можела да биде и естонската премиерка Каја Калас.
Откако Фон дер Лајен ќе ја избере ЦДУ, таа мора да ја добие поддршката од другите две партии во рамките на Европската народна партија (ЕПП), централнодесничарската група во Европскиот парламент, во која се вклучени и владејачките партии во Грција, Ирска, Литванија и Шведска.
Сепак, се ќе зависи најмногу од изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни, кога составот на парламентот ќе покаже кој ќе има најмногу шанси за функцијата претседател на Европската комисија, како и други водечки позиции во институциите на Европската Унија.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје