Македонија
13. August 2019 - 16:11

Гајсер: Ги објавив снимките стравувајќи дека може да исчезнат

Иако најави италијанскиот новинар Гејсер денеска не објави нов разговор за Рекет. Во радио интербју спеак Гејсер вели дека причините поради кои се решил да ги објавува снимките е поради стравот дека доказите ќе исчезнат. На ваков начин вели дека на виделина излегла политичката и судската корупција која владее во Македонија. Гејсер тврди дека корупцијата во земјава извира од врвот на власта.   

Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер. Очекувам дека Парламентот и претседателот на државата ќе се освестат и ќе го разрешат премиерот. Заев е дел од проблемот и не може да ја претставува државата пред меѓународните фактори, бидејќи тој нема меѓународен кредибилитет оценува Гајсер.

Италијанскиот новинар негира дека е нечија продолжена рака и одбива да открие од каде ги поседува аудио снимките. На прашање дали се познава со поранешниот премиер Груевски, Гејсер вели дека имал контакти со луѓе на Груевски од минатото но дека лично не го познава ниту него ниту Виктор Орбан.