Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје
Не можам да бидам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски манифестации, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел, коментирајќи го нејзиното заминување од Министерскиот совет ан ОБСЕ во Скопје пред пристигнувањето на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
- Бев во Скопје да изразам почит на претседавачот со ОБСЕ. Покрај тоа, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да каже дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ. По таа вечера, мислам дека моето присуство таму не требаше да биде физичко, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земји кои нè прогласија за непријателски, рече Габриел.
Бугарија, иако претходно соопшти дека дава дозвола за прелет, сепак, не дозволи авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на пат кон Скопје, да помине низ нејзиниот воздушен простор бидејќи во него се наоѓала и портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Поради тоа, Лавров во Скопје пристина преку Турција и Грција, а летот траел пет часа.
Официјална Москва ја нарече бугарската забрана „опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“.
Ново на Сител
-
На седиште во меѓуградски автобус оставил торба со марихуана, полицијата ја пронашла - кривична за 18-годишник
-
Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа
-
Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва
-
Оставка на 15 вработени во белградската Воздухопловна академија го спречува почетокот на наставата
-
Штетите од пожарите во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари
-
Фјури објави дека се повлекува од боксот
-
МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија
-
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот