Г7 и онлајн заедницата ќе работат против ширење на исламистички екстремизам
Земјите членки на Г7 и технолошките гиганти меѓу кои и Гугл, Фејсбук и Твитер, се договорија да работат заедно со цел да го блокираат ширењето на исламистичкиот екстремизам на интернет.
- Ова се првите чекори кон поголем сојуз во името на слободата, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи, Марко Минити по завршувањето на дводневниот состанок на министрите од Г7, нагласувајќи ја улогата на интернет во „регрутирање, обука и радикализација“ на екстремисти.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб изјави дека целта е да се обезбеди проџихадистичката содржина да се отстрани во рок од два часа по објавувањето на интернет.
- Нашите непријатели се движат со брзина на твит и ние мораме исто толку брзо да им се спротивставиме, изјави американската министерка за внатрешна безбедност Илејн Дјук.
Иако призна дека е постигнат напредок во борбата против џихадистичката онлајн содржина, британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад истакна дека „компаниите треба да дејствуваат повеќе и побрзо не само за да се елиминира екстремистичката содржина, туку и да се спречи таква содржина воопшто да се објави.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд