Г7 го осуди киднапирањето на раководството на нуклеарната централа Запорожје

Групата седум најразвиени земји во светот (Г7) денеска соопшти дека ги осудува случаите на киднапирање на раководството на нуклеарната централа Запорожје и повика на итно враќање на целосна украинска контрола над нуклеарната централа.
– Го осудуваме повеќекратното руско киднапирање на раководството и персоналот на украинската нуклеарна централа Запорожје, се вели во соопштението на Г7. Г7 ја повика Русија веднаш да ја врати целосната контрола врз нуклеарната централа Запорожје на „нејзиниот вистински суверен сопственик, Украина“.
Украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“ на 11 октомври соопшти дека руските сили го киднапирале заменик-директорот на нуклеарната централа Запорожје, Валери Мартинјук и оти тој се наоѓа на непозната локација.
На веб-страницата на Енергоатом беше објавено дека руските сили на 17 октомври го киднапирале шефот на службата за информатичка технологија Олех Костјуков и помошникот генерален директор на електраната Олех Ошека и ги однеле на непозната локација.
Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа во градот Енергодар и од март е под контрола на руските сили. Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на октомври потпиша указ со кој наложува нуклеарната централа Запорожје да биде ставена под руска сопственост.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
