Г-7 ќе врши притисок врз Северна Кореја се додека не се откаже од нуклеарната програма
Министрите за надворешни работи на групата седум индустриски најразвиени земји ветија дека ќе извршат жесток притисок врз Северна Кореја се додека Пјонгјанг не се откаже од својата програма за нуклеарно оружје, изјави министерот за надворешни работи на Јапонија, Таро Коно.
- Во целост се согласивме дека нема никогаш да ја прифатиме Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, рече Коно по средба на Г-7 во Торонто.
Новинската агенција на Северна Кореја, цитирајќи го севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во саботата јави дека Пјонгјанг прекинал со нуклеарни проби и му се приклучил на глобалниот процес за нуклеарно разоружување во согласност со својата нова стратегија за економски развој.
- Ние се усогласивме во ставот дека (Пјонгјанг) не спомна откажување од нуклеарната програма (на Северна Кореја), истакна Коно.
Тој сепак забележа дека во споредба со досегашното однесување на Северна Кореја, ова е еден чекор напред.
- Ние го поздравуваме како позитивен чекор, рече шефот на јапонската дипломатија.
Северна Кореја во 1993 година соопшти дека излегува од Договорот за неширење на нуклеарно оружје, а во јануари 2003 година го заврши своето излегување од него и до денес изврши шест нуклеарни проби.
Г-7 ја сочинуваат САД, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија, Канада и Германиј
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов