Бизнис
30. January 2019 - 21:14

Функционира ли законот за отпис на камати на старите долгови?

Законот за отпис на каматите од стари долгови се применува делумно. Дел од претпријатијата нема да наплаѓаат камати, дел се уште одлучуваат. Од конфедерацијата на синдикални организации Законот да важи за долгови кај сите компании.

-Бараме од Владата, и понатаму не се откажуваме од нашите барања, еден ваков закон да важи за сите јавни претпријатија што се и на државно и на локално ниво. А за оние стари сметки бараме отпис на целиот долг бидејќи тврдиме дека тие имаат апсолутна застареност и тие воопшто граѓаните не треба да ги плаќаат, вели претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.

Отписот на долгови важи за сите решенија за извршување издадени до мај 2006 година. Граѓаните ќе бидат ослободени од каматите и 80 отсто од трошоците за извршување.

Од КСОМ имаат забелешки и за Законот за извршување. Тарифникот се уште не е донесен, па извршителите наплаќаат по старите цени.

-Извршителите максимално го користат овој период и вршат притисок на граѓаните да извршуваат наплата на долговите по стариот правилник, вели Ристески.

Од комората на извршители велат дека се уште не се знае кога тарифникот ќе биде донесен.