Фрлање маска или отпушок на земја во Франција може да се казни со парична казна од 135 евра
Фрлање отпад на јавно место, маска или отпушок од цигари може да се казни со парична казна од 135 евра, наместо 68 евра како досега, стои во според нацрт-декретот кој го претстави државниот секретар за еколошка транзиција во француската влада Бруне Пуарсон, јави дописникот на МИА .
Овој нацрт-декрет, кој се однесува на маски, ракавици, отпушоци од цигари, се до диви депонии за отпадоци, треба да биде претставен кон средината на јуни. Паричната казна би можела да достигне и до 375 евра, или дури 750 евра ако полицијата подготви извештај и ја проследи до судот, според Министерството.
Оваа мерка е дел од насоките за кружната економија започната во 2018 година и која „наоѓа ново ехо со„ Ковид-19 “, со зголемувањето на бројот на нов отпад поврзан со здравствената криза“ наместо тој да биде фрлен во соодветното место за ѓубрето, се вели од министерството.
-Секој мора да разбере дека секој отпад фрлен на земја често завршува во океанот, изјави Бруно Пуарсон, во соопштението за печатот.
-Ако сакаме чисти мориња и океани, тоа започнува со чисти тротоари, продолжува државниот секретар, кој во неделата оди во Леже-Кап-Ферет, Жиронд, во пресрет на Светскиот ден на океаните, каде е планирано собирање на пластичен отпад. Министерството исто така планира да ги интензивира кампањите за информации за да ги охрабри луѓето да не фрлаат ѓубре на било кое место.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Тема на денот со проф. д-р Биљана Ангелова, актуелен и кандидат за нов ректор на УКИМ
-

Охридскиот кеј со двете пристаништа конечно ќе добие нов лик
-

Фондација Елеуса обезбеди Велигденски пакети за 220 семејства во социјален ризик
-

Македонката Мартина Димоска дел од поддршката на Артемис 2 сведочи за очекувањата во НАСА
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
