Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација во Миравци, откако ученик од основното училиште „Свети Климент Охридски“ сам си ја исекол косата плачејќи поради тоа што фризурата не им се допаднале на класната, педагогот и на директорката, пренесува СДК.мк.
Мајката на момчето за случајот ја известила Комисијата на почетокот на септември. Таа рекла дека претходно од училиштето добила порака дека нејзиниот син требало да дојде „среден“ во косата и навела дека тој немал долга коса.
На 1. септември таа го испратила синот со опавче, а истиот ден директорката на училиштете усно наредила на класната да го отстрани опавчето на детето и следниот ден детото да дојде со „средена“ фризура.
Детето не кажувајќи дома, а по разговор со мајката и со класната, плачејќи земало ножички и само си ја скротило косата над очите. Следниот ден ученикот заминал да ја поправи косата на фризер. Мајката вознемирана побарала разговор со директорката, која ја информирала дека училиштето имало кодекс на облекување.
Мајката била предупредена и од педагогот дека ако не ја средело фризурата, нејзино дете ќе добие укор што е мерка пред бркање од училиште, по што случајот го пријавила и пред Народниот правобранител.
Ново на Сител
-
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале
-
14-годишно момче избодено до смрт во Лондон
-
Пожар во куќа во Гази Баба
-
ЕУ го осуди лансирањето ракета од Северна Кореја: Тоа ги крши резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ги зголемува тензиите
-
Минатата година во Грција биле уапсени 13.000 лица за семејно насилство
-
Во Гази Баба пронајдена 43-годишна скопјанка почината
-
Началникот на царината на Украина под истрага бидејќи не пријавил куќа во вредност од над 100.000 долари
-
Во тетовско приведени девет странски државјанки при контрола на угостителски објект