Фрескосликање на црквата „Свети Димитрија“ во Зрновци
Во општина Зрновци деновиве започна фрескосликањето на внатрешниот дел од црковниот храм посветен на „Свети Димитрија“, граден во втората половина на 19 век на темели од стара христијанска црква.
- Ликовниот уметник Валентин Ѓурковиќ од неодамна започна со фрескосликањето на иконите за кои постои голем интерес од страна на верниците од Зрновци и околината. Општината донираше средства во износ од 120 илјади денари за подготовка на таванскиот дел од црквата на кој ке бидат насликани фрески од новиот завет, изјави Блаже Станков, градоначалник на Зрновци.
Црковниот одбор на чело со парохискиот свештеник Лазар Коцев во изминатите месеци работеше на санација на потпорните зидови околу црквата и нејзина заштита од напукнување. Набавен е и нов лустер, владички трон, а предвидено е и уредување на подот во црквата.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива