Свет
27. July 2016 - 17:41

„Франкфуртер Алгемајне“ : Напаѓачот од Минхен бил заслепен десничар кој ги мразел Турците и Арапите

Германското момче со иранско потекло кое минатата недела во шопинг центар во Минхен уби девет лица, бил десничарски екстремист, занесен од Хитлер, и истиот ги мразел Турците и Арапите, пишува весникот „Франкфуртер алгемајне“, цитиран од ДПА.

Давид Сонболи (17) бил следбеник на Хитлер, бил роден на истиот датум со него, и се гордеел со „неговото ариевско наследство“.Ги мразел Турците и Арапите и сметал дека ги надминал.

Текстот во „Франкфуртер алгемајне“ е во спротивност со изјавата на баварската полиција и обвинителство, кои по инцидентот јавија дека ова злосторство нема политички мотиви и дека Давид Сонболи своеволно ги одбрал своите жртви, додаде ДПА.