Французите и покрај епидемијата со коронавирусот гласаат за општинските и меѓуопштинските избори
Французите ќе му пркосат на коронавирусот, повеќе од 47 милиони избирачи се повикани денеска да гласаат на општинските и меѓуопштинските избори и да изберат меѓу 900.000 кандидати, односно 1,34 отсто од населението на земјата се канадидати, јави дописникот на МИА.
Од овие 900.000 кандидати ќе бидат избрани скоро 500.000 во 35.000 општини Тие ќе станат општински советници или помошници градоначалници, па дури и градоначалници, најголемиот дел од нив, особено во малите општини не се платени за извршувањето на функцијата или пак се платени навистина многу малку.
Но тоа што загрижува е евентуалната излезеност, испитувањата на јавното мислење покажуваат дека дури 28 отсто од гласачите нема да одат да гласаат поради стравот од Ковид-19. Најизложени од ризикот се сениорите, кои вообичаено гласаат за десницата. За нормално спроведување на изборите во контекст на коронавирусот, општините набавија гелови за дезинфекција , пенкала за една употреба итн.
Инаку, во Франција од коронавирусот досега починаа 91 лице, луѓе, најголемиот број се стари лица на вoзраст од над 80 години, а 4500 се заразени, од нив 400 лица се уште се во сериозна состојба. А ритамот на заразувањето се забрзува со околу 800 нови случаи дневно.
Премиерот Едуард Филип вчера најави затворање на сите јавни места, освен продавниците за храна и аптеките, а за одложување на изборите е предоцна, иако повеќе гласови како од левицата, така и од десницата повикаа да се одложи денешното гласање.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот