-->
-->
Французин ја тужи „Убер“ оти преку неа неговата сопруга дознала дека ја изневерува
-->
Бизнисмен од јужна Франција ја тужи компанијата „Убер“, затоа што преку неа неговата сопруга дознала по која патека тој ќе се движи за да се види со љубовницата.
Французинот објасни дека еднаш го искористил телефонот на неговата сопруга за да повика возач на „Убер“.
И покрај тоа што бизнисменот се одјавил од својот налог на телефонот на сопругата, апликацијата на „Убер“ продолжила да и испраќа известувања за тоа каде тој се движи, што кај неа поттикнало сомнеж.
По ова тие се разделиле, па сега Французиот бара отштета од компанијата од 45 милиони евра.
- Мојот клиент е жртва на грешка во апликацијата, која му направи големи проблеми во приватниот живот, изјави неговиот адвокат Давид Андре Дармон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Несими останува тетовски муфтија
-
Врховната Рада на Украина усвои закон за воена служба по договор за странци
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел