Француската масонска ложа Големиот Ориент е загрижена за Републиката
На неколку седници пред регионалните избори во Франција, Даниел Келер, големиот мајстор на масонската ложа Големиот Ориент на Франција, е загрижен поради „црвениот тепих“ кој се „постела“ пред крајно-десничарскиот Национален Фронт и бара „републиканско откажување“ во случај на избори во кои ќе се најдат кандидати на НФ и умерената левица и десница, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Во интервјуто за „Журнал ди Диманш“, Даниел Келер забележува:
„Му постеламе црвен тепих на Националниот Фронт. Тоа што изгледаше незамисливо секој ден станува се повеќе веројатно кога станува збор за претседателските избори во 2017 година, изјави Даниел Келер избран во август по трет и последен пат за Голем мајстор на најголемата масонска ложа во Франција.
„Републиката останува борба.Тоа не е режим дефинитвно стекнат. Ако сите ги спуштат рацете, јас велам: Републиката е во опасност“ – предупредува тој.
„Не може да се исклучи дека Франција се наоѓа пред социјална експолозија. Да се затворат очите не служи за ништо“ – предупредува понатаму Келер.
Тој притоа го обвинува Националниот Фронт (крајно десничарската партија на Марин Ле Пен) дека се темеи врз „посочување на виновници, популизам и обвинување на политичката класа со терминот – сите расипани. Тој притоа ги повикува одговорните политичари од Социјалистичката партија и Републиканците во слуај на избори во кои ќе се најдат соочени со кандидат на Националниот Фронт, еден од нив да с еоткажат и со тоа да создадат „Републикански фронт“ против крајната десница.
„Откажувањето, не е некоја афера. Тоа значи да се прифати жртвување на своите сопствени политички бои за општиот интерес“.
Даниел Келер понатаму зборува за шансата која ја претставуваат мигрантите за Европа.
„Не велам дека Франција треба да ги прифати сите бегалци од светот, но бројките з акои зборуваме денес не се воопшто непромостливи, ако се сеќаваме на бегалците од Алжир или шпанците кои побегнаа во Франција од франкизмот“ – нагласува Големиот мајстор на Големиот Ориент од Франција.
Во масонската ложа Големиот Ориент на Франција членуваат 52.000 лица од околу 170.000 масони колку што има во Франција.
Ново на Сител
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра
-
Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
-
Семејна драма во Аеродром – Со нож ѝ се заканувал на сопругата
-
Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
-
Пронајдено мртво тело во Центар
-
Гостивар: Маж со секира се обидел да си ја нападне сопругата
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно