Специјалци на терен, претреси на околу 30 локации: Во тек голема акција на МВР
Прилеп од раните утрински часови е под засилено полициско присуство, при што на повеќе локации се распоредени специјални единици и униформирани полициски службеници.
Според првичните информации, Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, спроведува претреси на околу 30 локации во градот и неговата околина.
Акцијата е координирана и, според неофицијални сознанија, е дел од поширока истрага за сомнителна организирана криминална структура. Истрагата наводно се однесува на активности поврзани со наркотици.
Неофицијално, меѓу лицата кои се опфатени со проверките има и припадници на полициските структури, за кои се испитуваат евентуални врски со лица или активности што се предмет на истрагата.
На терен се присутни поголем број полициски службеници, а проверки и претреси се вршат на повеќе локации во Прилеп и поширокото подрачје.
Засега нема официјални детали од МВР за акцијата.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
-

МДТ наложи блокирање на 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање
-

Зверев за прв пат светски рекет број 1
-

Гутереш предупреди дека трката меѓу САД и Кина во воената вештачка интелигенција води кон глобална катастрофа
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
